PwC's 23rd CEO Survey - Key Findings for North Macedonia

13/02/20

Од глобалното истражување на PwC помеѓу извршните директори клучно е дека новата декада, извршните директори ја започнуваат со изразен песимизам за глобалната економија, при што 53% во 2020 година предвидуваат пад на стапката на економски раст.

Дали неизвесноста е клучен фактор за загриженост и кај македонските директори? 

За прв пат го спроведовме истражувањето и во Северна Македонија, при што успеавме да добиеме извештај коj говори за мислeњето на извршните диркетори локално.

На 13 февруари во просториите на Стопанската Комора и во продолжение на соработката со Комората го претставивме Извештајот кој го опфаќа мислењето на извршните директори во С. Македонија, а клучните наоди ги презентираше Мирослав Марчев, одговорен Директор на одделот за Даночни и Правни услуги во PwC Северна Македонија.

Во истражувањето испливаа 4 клучни теми и тоа:

  1. Несигурноста која ги поткопува видиците 
  2. Унапредувањето на вештините на човечките ресурси веќе не е точка на разгледување 
  3. Поставување на заштитни механизми во сајбер-просторот 
  4. Климатските промени (можности затскриени во криза) 

Резултатите од истражувањето во Северна Македонија покажуваат поинаков тренд во однос на вербата во економскиот раст. Додека само 22% од директорите на глобално ниво сметаат дека економскиот раст ќе се зголеми, дури 40% од директорите во Северна Македонија веруваат во истото. Директорите во Северна Македонија се поуверени во сигурноста на пократки временски периоди, поради можноста да дојдат до поконкретни/поконцизни предвидувања. Имено, 81% од испитаниците се уверени дека нивната организација има јасни изгледи за раст на приходите, наспроти глобалното ниво од 73%.  Локалните испитаници се во најголема мерка загрижени околу оданочувањето и промените во законските регулативи. Речиси 86% од испитаниците се загрижени поради зголемени даночни обврски, во однос на 58% на глобално ниво.

Прочитајте повеќе во Извештајот за Северна Македонија.

Contact us

Miroslav Marchev

Miroslav Marchev

Country Managing Partner, PwC North Macedonia

Tel: +389 2 3140 900

Follow us