Даночни олеснувања и ослободувања за донации и спонзорства во јавните дејности кон буџетски корисници

ДДВ ослободувања за донации кон буџетски корисници

На 14.04.2020 година Владата донесе Уредба со законска сила за измена на Законот за ДДВ, со која се одредени ослободувања од ДДВ, и тоа:

  • Се ослободува од ДДВ прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник за справување со COVID-19, врз база на издадена потврда од страна на буџетскиот корисник за примената донација (на пропишан образец), и 
  • Се ослободува од ДДВ прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисник заради справување со COVID-19 кој се плаќа со финансиски средства од примени донации на буџетски корисник. За оваа цел, вршителот на промет треба да обезбеди изјава од буџетскиот корисник во која изјавува под целосна ривична и материјална одговорност дека прометот се плаќа со донирани финансиски средства.

Процедурални олеснувања во текот постапката за донации и спонзорства во јавните дејности

Главната придобивка со Уредбата со законска сила за измена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности е тоа што јавниот интерес на донацијата во финансиски средства, добра и услуги, донирани кон буџетските корисници, со цел да се решат состојбите предизвикани од COVID-19, се смета за автоматски утврден согласно оваа уредба со законска сила. Дополнително, за ваквите донации не се спроведува постапка за потврдување на јавен интерес во Министерството за правда. Дополнително олеснување се воведува со тоа што за другите донации што не се кон буџетски корисници се овозможува поднесување на документи по електронски пат. 

Тука сме за Вас:

PwC може да Ви помогне со:

  • Совет за примена на уредбите со законска сила;
  • Помош при спроведување на постапките пред соодветните државни органи;
  • Совети во врска со други прашања кои произлегуваат од регулативата донесена за справување со ефектите предизвикани од COVID19. 

Miroslav Marchev

Country Managing Partner, PwC North Macedonia

+389 2 3140 900

Email

Ana Shajnoska

Senior Tax Manager, Skopje, PwC North Macedonia

+389 2 3140 900

Email

Eli Bocevska Grueska

Senior Tax Manager, Skopje, PwC North Macedonia

+38923140900

Email

Follow us