Изјава за согласност за обработка на лични податоци

View this page in: English

На основа на член 6 од Законот за заштита на лични податоци (Службен весник бр. 7/2005; 103/2008; 124/2010 и 135/2011), со оваа изјава ја изразувам својата согласност за обработка на моите лични податоци од страна на ПрајсвотерхаусКуперс Скопје, со регистрирано седиште на Бул. 8-ми Септември бр. 16, Хипериум Бизнис Центар 2 кат, 1000 Скопје („Друштвото“) за следните цели:

  1. Извршување на договор кој ме врзува мене/мојата компанија и Друштвото и/или негови поврзани ентитети;
  2. Маркетинг и промоции во врска со производи или услуги кои ги нуди Друштвото;
  3. Работи поврзани со независноста, управувањето со ризици и преглед на квалитетот.

Исто така ја давам мојата согласност за пренос на моите лични податоци помеѓу ентитетите кои припаѓаат на PwC Групата во Македонија, и тоа:

  1. ПрајсвотерхаусКуперс ДООЕЛ
  2. ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО

како и на други правни лица/ентитети поврзани со Друштвото ширум светот, кои се наоѓаат во земји кои гарантираат заштита на личните податоци на нивната територија, барем онаква каква што се гарантира на територијата на Македонија со цел остварување на корпоративни барања, вклучувајќи и маркетинг цели.

Со ова изјавувам дека сум информиран/-а дека моите податоци можат да бидат пренесени помеѓу останатите правни друштва, поврзани со Друштвото ширум светот кои се наоѓаат во други земји од горе споменатите, по добивање на согласност од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Согласноста за обработка изразена погоре, ги вклучува и следните лични податоци: име и презиме, електронска адреса (e-mail), телефонски број, место на работа и негова адреса, положба, образование, искуство, професионални достигнувања.

Со ова потврдувам дека сум известен/-а за моето право на:

  • пристап и промена на моите лични податоци;
  • оправдано барање во писмена форма за блокирање на обработката на моите лични податоци поради посебна причина/ситуација;
  • приговор на обработката на моите лични податоци ако контролорот има намера да изврши обработка во маркетиншки цели;
  • приговор во случај на пренос на моите лични податоци на некој друг контролор;
  • како и тоа дека давањето на моите лични податоци е доброволно.

Изјава за согласност за добивање на комерцијални информации по електронски пат

Врз основа на Законот за заштита на лични податоци (Службен весник бр. 7/2005; 103/2008; 124/2010 и 135/2011)со ова ја изразувам мојата согласност за добивање на комерцијални информации по електронски пат од Друштвото ПрајсвотерхаусКуперс ДООЕЛ и ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО, со регистрирано седиште во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр. 16, Хипериум Бизнис Центар 2 кат.